Парис Џексон, ќерката на починатиот пејач Мајкл Џексон, го направила првото телевизиско интервју во својот живот. Ова 15-годишно девојче било гостин во шоуто на Елен Деџенерс, кое ќе се емитува на 15 декември.
Парис, за време на интервјуто со Елен зборувала за тоа зошто нејзиниот татко сакал да таа и нејзините браќа да носат маска на лицето и дека оди во “нормално” училиште како и другите деца и др.
“Ми беше глупаво да носам маска, но подоцна сфатив дека тоа е добра идеја. Тато сакал само да не заштити и тоа секогаш ни го објаснуваше. Имавме нормално детство. Не третираше исто како и другите родители што ги третираат своите деца. Кога дојдов сега на училиште, другите деца не знаеја која сум јас. Тоа ме направи среќна бидејќи навистина имав можност да бидам нормално дете во училиште “, рекла малата Парис.