За време на своето патување во Мумбаи познатата Хилтоница се расфрлаше со пари, но ја покажала и својата хумана страна. Папараците ја фатиле како автомобилиот во кој се возела застанал Парис. Застанал покрај една сиромашна жена која држела бебе, а познатата американка и подала на жената 100 долари.
Подоцна Парис Хилтон во истта населба оставила повеќе од 2000 долари на сиромашните луѓе кои се нашле на улицата.
Според индиските медиуми, Парис која во Индија заминала поради отварањето нови продавници на својот бренд, подоцна на својот твитер профил напишала „ Индија е преубава земја, но некои делови се ужасно сиромашни, ми се скрши срцето што видов бебиња како спијат на улица“.