Во постојан напор да го задржи својот имиџ на богата наследничка, оваа русокоса убавица редовно купува скапи работи.
Така сега во својата богата колекција на автомобили додаде уште еден – нов 2012 California Spyder Ferrari. Овој црвен убавец вреди околу 300.000 долари, а пред некој ден и бил доставен на домашна адреса.
Своето место во гаражата ќе го најде покрај богата колекција на автомобили. Парис во своја сопственост има два Бентли автомобили (од кој едниот е со розова боја), Лексус ЛФА, Кадилак Ескалејд и Ренџ Ровер.