Делата на генијалниот архитект Антони Гауди се присутни низ цела Барселона, но овој парк се покажа како една од неговите најпосетувани и најсакани креации. Паркот Гуел е значително помал од останатите паркови но надополнува со својата уникатност, штосност и убавина. Овој невообичаен парк, настанат во 1914, се состои од живописни мозаици, биоморфични скулптури, природа и неверојатен поглед сѐ до медитеранските плажи.
Место кое мора да се посети е главната тераса, каде се наоѓа клупа во форма на змија, чии свиоци Гауди ги дизајнирал користејќи модел кој седнувал гол во мократа глина. Мотиви од каталонското наследство, мистицизам и архаична поетика се инкорпорирани во дизајнот на паркот. Паркот Гуел е дел од „Списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО“, како и национално богатство на Шпанија.