Парламентарни избори во Тајланд

popara3 јули, 20111min00
232-lbUCv.St.55
Партијата на поранешниот премиер Таксин Шинаватра, протеран од земјата во 2006 година, има најголеми шанси да ја состави новата тајландска влада.
Под засилени мерки за безбедност, денеска во Тајланд се одржуваат парламентарни избори. Според спорведените анкетите, опозициската партија “Пеу Таи“ има убедлива предност и може да освои дури апсолутно мнозинство.
На чело на партијата е поранешниот премиер Таксин Шинаватра, кој во 2006 година беше симнат од власт и оттогаш живее во егзил во Дубаи, од каде раководи со партијата.
Неговата сестра Јинглук е кандидат за премиер, а партијата ја има поддршката од “Движењето на црвените кошули“.
Владејачките демократи, пак, најверојатно ќе бидат на второто место според бројот на гласови, но се надеваат дека ќе успеат да постигнат коалициски договор со помалите партии, со цел да го спречат Шинаватра повторно да се врати на власт.
Извор: Нетпресс
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag