Тројца авантуристи од Лондон тргнале пред половина година на пат околу светот, со цел да го соборат светскиот рекорд во возењето со такси.
Подвигот ги однел низ четри континенти, 39 земји и 50.000 поминати километри. Со помош на градоначалникот на Лондон, кој јавно ги пофалил момците дека имаат неверојатна храброст да поминат толку многу километри во старо такси, оваа авантура стана вистински хит низ медиумите и интернетот.
Проблемите со снегот во Финска, блиските средби со талибанците во Авганистан, приведувањето во Иран од страна на тајната полиција, се само дел од големиот колаж на авантури кои тие ги доживеале за време на ова патување. На крајната цел во Сиднеј тие треба да се појават за еден месец, а единствен проблем е нивното старо такси возило.