Патнички авион бил принудно слетан, бидејќи двајца патници предолго се задржале во тоалетот.

popara12 септември, 20111min00
Into the wild blue yonder…

Патнички авион во придружба на два борбени авиони на американското воздухопловство бил приморан да слета на аеродромот во Детроит, а три патника биле привени и испрашувани поради нивното сомнително однесување. Патниците подоцна биле пуштени на слобода, а против нив не било покренато обвинение, пишуваат американските медиуми.

Полицијата ги привела трите патника на сослушување, бидејќи посадата на авио-компанијата “Фронтиер Ерлајнс” ги пријавила како сомнителни, а се поради тоа што двајца од нив подолго време се задржале во тоалетот на авионот. Се претпоставува дека се работи за двајца мажи и жена.

Командата за одбрана на САД, испратила два борбрни авиони да го пресретне патничкиот авион, и безбедно да го слета во Детроит.

Портпаролката на ФБИ во Денвер, Сандра Берчолд, изјавила дека немало вистинска закана, но сепак поради мерки на безбедност секоја мала недоследност се зема како сериозна.

Полицијата го претресла авионот и багажот на приведените лица, но не успеала да пронајде ништо сомнително. Преостанатите патници одо авионот биле одведени во полициска станица и испитувани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag