Неидентификуван маж со турпија за нокти нападнал една од стјуардесите во авионот Ербас 321 на линија Париз- Рим, во обид да ја принуди посадата на авионот да лета кон Триполи, но успешно бил совладан, пишува “Политика“, пренесува НетПрес.
Видно вознемирен маж, за кој се смета дека е државјанин на Казахстан на возраст од 48 години, за време на летот и пришол на стјуардесата и ја нападнал, барајќи од засега непознати причини, авионот да се пренасочи кон Триполи.
Но, за среќа на посадата и патниците, напаѓачот е успешно совладан со лекови за смирување што му ги дал лекар кој се наоѓал во авионот.
Нападнатата стјуардеса се здобила со мали гребнатини по вратот и не е во животна опасност.
Авионот Ербас 321, со 131 патник безбедно слетал на римскиот аеродром Фјумичино, а напаѓачот е предаден во полиција која треба да го идентификува.
Извор: Нетпрес