Возбудливата дивина на Африка – Танзанија и Зимбабве

popara4 декември, 20114min00
zz

Оние коишто сакаат да се најдат во вистинска дивина опколени со дивите животни во својот природен хабитат сафарито е вистинскиот избор.

Туристичките агенции советуваат да се скокне до Кенија, земја која што е најпозната по сафари турите, но тука се и Танзанија, Боцвана или Зимбабве.

Покрај незаборавните авантури на сафарито на посетителите им се нудат и сите други чуда на Африка.

Еве еден краток избор од познати национални паркови во Африка.

Танзанија

Националниот парк Серенгети и кратерот Нгоронгоро се неверојатни резервати во коишто дивите животни слободно уживаат, посебно за време на годишните миграции.

Отворената савана на Серенгети има најголема концентрација на диви животни во светот, а тука е и националниот парк Тарангире познат по својот еко систем со најголеми Баобаб дрвја.

Зимбабве

Авантуристите коишто сакаат да видат најголем број на диви животни на едно место, треба да го посетат Зимбабве.

Националниот парк Матобо кој се наоѓа во северниот  дел на пошироката висорамнина Матобу завзема 440 квадратни километри и е позната по можноста на набљудување на сабљастите антилопи, водените елени, ридбукот, зебрата како и еландите, жирафите и камилите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag