Пазете! И од фарбите за коса се умира! :(

popara14 октомври, 20111min00
fdevojka

Табата МекКаурт, 17 годишна тинејџерка од Шкоткса, починала во саботата со страшни болки, 20 минути откако на косата нанела фарба, пишува Дејли Мејл.

Тинејџерката пред смртта истрчала од тоалетот и почнала да вришти, кубејќи си ја косата. Почнала да повраќа пред  да се колабира, а присутните изјавиле дека почнала да се тресе толку силно што двајца неможеле да ја задржат.

Присутните повикале брза помош, девојката била префрлена во болница, но починала по неколку часа.

„Секогаш ја бојадисуваше косата во различни бои. Оваа боја ја држеше 20  минути на главата, пред да влезе во тоалетот да ја измие. Беше страшно, извикуваше „Не, не!“, “ раскажала најдобрата другарка на девојката.

Полицијата во соработка со лекарите зпочнала истрага за оваа необична смрт, а засега не се познати причините, иако некои локални медиуми наведуваат дека причината е преголемата концентрација на хидроген пероксид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma