Руската полиција уапсила млад готвач во градот Мурманск, за кого се сомнева дека убил, а потоа и изел човек. Се претпоставува дека Иван Л. (21) го запознал Роман Е. (32) на веб-сајт за хомосексуалци на интернет.
Тие на 19 август стапиле во контакт, и канибалот успеал да го намами во неговиот стан и да го убие. Потоа телото на жртвата го исекол на ситни парчиња и сето тоа го снимил со камера. На крај успеал да осмисли и рецепт како да направи ќофтиња и колбаси од жртвата!
Канибалот потоа рецептот го поставил на интернет, но полицијата бргу му влегла во трага, бидејќи мајката на жртвата пријавила исчезнување на нејзиниот син. Таа на полицијата им изјавила дека нејзиниот син често користел интернет каде запознавал разни луѓе, пишува порталот Lajfnjuz.ru.
Во станот на канибалот полицијата пронашла човечки остатоци, кои биле испратени на ДНК анализа. Каниблаот го признал кривичното дело и на полицијата и им открил дека планирал да изеде уште најмалку десетина лица.
Канибалот е, инаку, син на познат руски бизнисмен, сопственик на продавници за облека. Живеел сам, и на “црно” работел како готвач во ресторан.