Руската полиција уапсила човек(21) кој признал дека убил, а потоа и изел човек кого го сретнал на геј сајт, соопштила полицијата.
21-годишен маж бил уапсен во петокот во северниот град Мурманск, откако неколку денови предходно биле пронајдени човечки остатоци, изјавил за АФП, офицер на локалната комисија за истрага.
Осомничениот и изјавил на полицијата дека човекот го сретнал на интернет, и го поканил во својот дом, а потоа го убил со нож.
Откако се уверил дека човекот е мртов, осомничениот, чие име не е наведено, го растргнал телото на жртвата и потоа го изел, се вели во соопштението на Комисијата за истрага.
“Единствениот мотив за убиство била желбата да се вкуси човечко месо”, изјавил осомничениот,а пренесува РИА Новости.
Осомничениот за канибализам, кој имал намера да продолжи да убива и јаде луѓе, своите жртви ги барал меѓу хомосексуалците, оценувајќи дека тие најмногу се грижат за нивната приватност и контакти.