Луѓето дури и од иста вероисповест често имаат различни верувања за пеколот. Дали постои? Дали е буквално место за казнување, или само симбол на духовното страдање? Низ историјата луѓето создале најразлични сценарија за тоа како изгледа местото наменето за грешниците. Еве само неколку од нив:
Куќата на лагите
Според древната Персиска религија душата после смртта преминува еден мост каде се среќава со млада жена која всушност е персонификација на нивниот живот. Доколку човекот во текот на својот живот бил праведен, оваа жена изгледа убаво, а кај грешниците таа изгледа мошне одбивно. Грешниците биваат заробени во Куќата на лагите каде се хранат со лешеви и трула храна на место кое е темно, валкано и исполнето со неподнослива смрдеа.
“Irkalla”
Иркала е подземниот свет од Вавилонската митологија. Душите минуваат низ 7 порти додека стигнат до тоа место. Внатре е темно, мрачно, огромно празно пространство каде што сите се принудени да јадат прашина, и освен тоа нема што друго да се прави.
“Helheim”
Ова е крајна дестинација за Викинзите кои ја имале таа несреќа да умрат со неславна смрт. Влезот на овој пекол е чуван од огромно крвопијно чудовиште со 4 очи, натопено со крв како и од страна на еден огромен орел наречен “Јадач на трупови” ,кој летајќи со своите огромни крила насекаде, остава ледено суденило зад себе. Освен мрак и ужасно студенило, ништо друго не ги чека душите на грешниците.
“Avici”
Avici е пеколот наменет за грешните Будисти кој за разлика од останатите видови пекол, не е вечен, туку престојот на грешните души изнесува трилион години, време за кое треба да си ги исплатат сторените гревови. Жителите во овој пекол умираат од тежките маки на кои се изложени и за да биде казната поголема, повторно се преродуваат во истиот пекол.
“Narak”
Според древните Хинду списи, овој пекол е поделен на 25 зони во зависност од видот гревови кои ги извршила грешната душа. За да добиете појасна претстава за она што всушност претставува овој пекол ќе ви кажеме дека една од зоните е наречена “Диареја” а друга – “Шума од ножеви”. Грешникот е принуден да се качува на дрво направено само од остри мечеви и ножеви така да при качување надолу и нагоре по дрвото маченикот бива исечен на парчиња.
“Kasyrgan”
Во монголскиот шаманизам мртвите души излегуваат на суд пред принцот на подземниот свет Еркил Кан. Ако нивните лоши дела се повеќе од добрите тогаш се носат во ова место наречено Касирган каде што се варат во врел катран во огромен котел. Најлошите грешници се заглавени овде засекогаш, а оние кои имаат по некое добро дело, имаат шанса некој од праведните души горе на небото да ги извлече држејќи ги за коса надвор од котелот.
“Black Thread”
Според преданието на Тибетскиот Будизам, овој пекол е резервиран за клеветници, лажговци и за оние кои ги малтретирале своите родители. Грешниците се означени со црни линии и после тоа биваат сечени по должината на овие линии со вжештени пили. Пеколот е поделен на 16 зони од кои 8 се жешки, а 8 ладни. Меѓутоа сите се подеднакво сувови.
Пеколот според Сведенборг
Емануел Сведенборг, шведски филозоф роден во 1688, имал серија визии на возраст од 53 години, во кои тој ги посетл Рајот и Пеколот. Неговата визија за христијанскиот пекол е единствен: според визијата на Сведенборг пеколот не е место каде човекот физички е измачуван, туку се се сведува на внатрешна болка и сурово страдање на душата на грешниците.
“Mictlan”
После смртта Ацтеките патуваат четири години додека стигнат до ова место соочувајќи се со смртоносни планини кои се обидуваат да те скршат, а демоните и острите ветришта што сечат како со нож го отежнуваат ова и онака макотрпно патување. Кога ќе пристигнат таму, ги пречекува богот на подземјето кој претставува огромен жив скелет со гердан од човечки очи и опкружен од големи лилјаци и пајаци.
“Tartarus”
Во Тартарус грешните имаат шанси да се избават од вечните маки на пеколот и да преминат од страната на светлината откако ќе се искупат од своите гревови. Грешникот мора да моли за прошка кај оние луѓе кои му замеруваат за нешто, и ако сите се согласни и му простиле, тогаш душата бива избавена од вечните маки.