Пелистер

popara15 октомври, 20112min01
pelister

Националниот парк Пелистер е лоциран на планината Баба, покрај јужната граница на Република Македонија, на само 15 километри од Битола.

Пелистер нуди природно прибежиште од урбаниот живот. Овдфе постојат богати, добро развиени шуми и уникатни геолошки формации како на пример Палеозојски и Мезозојски магматски карпи и слоеви кварц. Јадрото на Баба Планина е од гранит стар околу 465 милиони години. На планината се наоѓаат повеќе врвови повисоки од 2000 метри, а највисокиот – врвот Пелистер е висок 2601 метри.

 Низ целиот парк се наоѓаат многу извори, потоци и реки, а содржи и две глацијални езера познати како Пелистерски Очи.

 Овде се наоѓа и моликата, ендемично зимзелено дрво карактеристично само за Балканот, како и многу голем број други ендемични растенија и инсекти.

One comment

  • marija

    10 декември, 2011 at 19:21

    zosto namesto sliki ne pratite novinar so snimatel da snimi kratko video so site ovie ubaviini prikazani kako mal klip {reklama} za pelister

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag