Холивудската актерка од вторникот е во Сараево во следните 12 дена, за снимање на италијанскиот филм „Venuto al mondo”. Пенелопе пристигна со мажот Хавиер и осум месечниот син Леонардо. Иако со новинарите на средбата била мнгу пријатна, таа им се заканила на телохранителите дека ако некој се обиде да го слика или сними синот, ќе им даде отказ.
Поради тоа никој не знае каде е сместено семејството. Некои тврдат дека се во Босмал Сити Центар, а некои дека се во хотелот Брас, во кој минатата година беше сместена Анџелина. Кружат гласини и дека се во луксузниот хотел Европа, каде овие денови ќе одмара Раде Шербеџија.