Пет природни начини да се ослободите од брчките

popara18 ноември, 20111min00
brcki

Наместо да давате огромни суми на пари за козметички производи кои ветуваат дека ќе ви помогнат да ги отстраните брчките, обидете се тоа да го сторите со „домашни лекови“ против брчки. Ако ништо друго, барем ќе заштедите многу пари.

Белка од јајце – Изматете3 белки од јајце и нанесете ги на лицето. Оставете да делуваат најмалку 15 минути, за да може да делуваат витамините Б и Е. Исплакнете го лицето со млака вода и веднаш ќе забележите дека вашата кожа е помека и помазна.

Маслиново масло – Природното маслиново масло може да и помогне на вашата кожа да остане мека и еластична. Нежно измасирајте го лицето со неколку капки маслиново масло секоја вечер пред спиење. Потоа исплакнете го лицето и избришете го со мека крпа.

Масажа – користете го вашиот омилен благ лосион и секојдневно масирајте го лицето по неколку минути. Фокусирајте се на проблематичните области како што се на вратот, регионот под очите и челото.

Овошје и зеленчук – свежото овошје и зеленчук се полни со витамини А и Д, кои и помагаат на кожата да изгледа сјајна и здрава.  Затоа секојдневно конзумирајте овошни  салати, свежо исцедени сокови и свеж или обарен зеленчук.

Сок од лимон – лимоновиот сок содржи киселина која ја прави кожата посветла и ги намалува брчките. Масирајте го лицето со сок од лимон секоја вечер пред спиење и набрзо ќе ги забележите позитивните резултати.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag