Американскиот ланец на пицерии “Domino’s Pizza” основан 1960 година,контролира 9,000 ресторани во 60 земји во светот. Оваа компанија предлага отворање на првиот пица ресторан на Месечината.
Трошоците за овој „потфат“ “Domino’s Pizza” ќе ги кошта 1,67 билиони јени или 22 милијарди долари, од кои 560 милиони јени (7,3 милијарди долари) се вложување во транспорт на 70 тони градежен материјал. Материјалот на Месечината би требал да пристигне со помош на 15 ракети.
Зградата на пицеријата ќе биде во облик на купола со пречник од 26 метри а ја проектира компанијата “Maeda”. Според проектот сите вработени во ресторанот би живееле во таа зграда.
„За оваа идеја почнавме да размислуваме минатата година. Очекуваме во брзо време Месечината да биде населена од луѓето, во прво време астронаути а потоа и луѓето“ – изјавува Tomohide Matsunaga потпарол на компанијата “Dominos Pizza” .
За потсетување за сите оние кои не знаеле дека ланецот на пицерии “Pizza Hut” уште во 2001 го лансирал проектот „осовојување на вселената“. Овој ланец на храна организирал транспорт на пици во меѓународните станици.