Авионот кој летал од Москва кон Лондон бил вратен во Москва, бидејќи пијана жена ги малтретирала другите патници во авионот, соопштила полицијата.
Пијаната жената во авионот изведувала еротски танци и на патниците им ги вадела очилата, објавила агенцијата РИА Новости.
Инцидентот се случил на 15 минути по полетувањето на авионот, кога екипажот ги известил патниците дека се враќаат во Москва поради “несоодветно” однесување на еден патник.
По враќањето во Москва, 39-годишна жена била уапсена и однесена во локалната полиција.