Дефанзивецот на Барселона, Џерард Пике, истакна желба да остане во фудбалскиот свет откако неговата кариера ќе заврши. Неговата желба е да стане претседател на сегашните шпански шампиони.
„Ако не станев фудбалер, дефинитвно ќе завршев во фудбалскиот свет на некоја друга позиција. Кога фудбалот е твоја страст, секогаш ќе сакаш да бидеш активен во овој свет. Јас нема да го напуштам фудбалскиот свет кога ќе се пензионирам. Јас еднаш изјавив дека сакам да станам претседател на Барселона, и тоа се уште е моја амбиција. Сепак се уште е рано, и ќе мора да почекаме да видиме што ќе се случи во иднината,” изајвил Пике.
Пике има 24 години и е производ на школата на Барселона. Во 2008 година тој повторно се врати во Барселона откако четири години помина во Манчестер Јунајтед.