Ставете ја пилешката супа да се вари. Додадете го исчистениот ориз и оставете нека се вари петнаесетина минути. Посолете и зачинете по желба. Во мала чинија измешајте ги јогуртот, жолчката и брашното. Потоа сипете во супата во тенок малз и постојано мешајте, да не се направат грутки. Варете уште 5 минути а потоа тргнете од оган и ставете путер. Ставете неколку листови нане и послужете.
Потребни состоки
1 литар пилешка супа
2 лажици ориз
1,5 дл јогурт
1 жолчка
30 гр брашно
50 гр путер
малку нане
сол и бибер