Хонг Конг – капетанот на екипажот на еден патнички авион снимен е како спие за време на летот на авиокомпанијата Cathay Pacific на релација Дубаи – Хонг Конг. Компанијата покренала истрага поради фотографијата која настанала во август оваа година.
Како што јавуваат локалните медиуми, пилотот го тужел фотографот бидејќи таа слика му ја нарушила приватноста, а управата на компанијата ја прифатила тужбата. Иако пилотот си задремал на висина од 11.000 метри, управата тврди дека не направил ништо лошо, бидејќи повремени одмори се дозволени на долгите летови, пренесуваат агенциите.