Pineberrу e еден вид на јагода, односно тоа е јагода со вкус на ананас. Ова овошје е ретко, и потекнува од Јужна Америка, сокот од ова необично овошје е бел, а некогаш и портокалов. Тие се бели и по големина се помали од јагодите. Интересно е тоа што ова овошје целосно ќе исчезнеше во 2003, доколку не беше спасено од група холандски фармери. Овој уникатен вкус и изглед ретко кој го ужива, бидејќи ова овошје не е светски распростането. Највеќе ги увезуваат земјите од Западна Европа.