Како што и беше најавувано Андреа Пирло кариерата ќе ја заврши во Јувентус.
Досегашниот играч на Милан, кој беше на “Сан Сиро” од 2001. година, од својот клуб не доби продолжување на договорот, па во Торино стигна како слободен играч.
Пристигнувањето на Пирло веројатно значи и заминување на Алберто Аквилани од клубот, бидејќи Ливерпул за него бара превисоки 18 милиони евра.
Пирло во текот на денешниот ден ги мина сите лекарски прегледи и потпиша договор со Јувентус на три години.
Извор: Нетпрес