Пита со бело чоколадо и овошје

popara23 септември, 20111min00
Fruit Tart

Потребни состојки:

300 гр. путер

250 гр. шеќер во прав

400 гр. брашно

100 гр. сладолед од ванила

Шлаг:

200 гр. слатка павлака

100 гр. бело чоколадо

200 гр лешници

3 лажици шеќер

2 лажици пченкарно брашно

2 лимони

Овошје по желба: киви, мандарини, јагоди, ананас, портокал, малини…

Подготовка:

Во поголем сад добро изматете го путерот се додека не омекне, а потоа додадете го шеќерот во прав. Постепено додавајте го брашното и постојано мешајте. Откако смесата ќе се соедини, развлечете ја во кора и ставете ја во калап за печење на пити и печете 25-30 минути на температура од 220 степени целзиусови. Откако ќе се испече, извадете ја тавата и оставете целосно да се излади.

Во посебен сад измешајте ги слатката павлака, сладоледот од ванила, растопеното бело чоколадо, шлагот и исецканите лешници. Мешајте се додека смесата не се соедини, а потоа рамномерно распоредете ја врз претходно испечената пита. Ставете ја питата во фрижидер за да се олади и стегне, најмалку 30 минути.

Откако питата ќе се излади, извадете ја во фрижидер и врз неа наредете го исецканото овошје. Може да изберете овошје по желба и да направите ваша сопствена комбинација. Препорачуваме да употребите јаготки, мандарини, киви и ананас.

За глазура, во мало тавче на оган ставете го шеќерот, пченкарното брашно, сокот од лимоните и 200 мл. вода. Варете ја глазурата на тивок оган околу 3 минути, односно се додека не се згусне. Оставете ја целосно да се излади, а потоа со четка нанесете ја врз овошјето. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma