До сега пивото во Русија се продаваше во делот за безалкохолни пијалоци. Навикнати на познатата руска водка, и нејзиниот силен вкус русите сметаат дека пивото неможе да биде алкохолен пијалок.
Сегашниот министер за здравствто и специјалист за дрога и алкохол, Евгениј Бриун ги иницираше промените со цел да се направи нешто за да се зголеми здравјето на популацијата. Така сега и пивото како и сите други алкохолни пијалоци, ќе го купуваат до одредено време, нема да може да го купуваат малолетници. Русите пак сметаат дека тоа нема да биде прифатено од пошироката маса, бидејќи пивото не е алкохол, кој може да го видите во рацете на еден маж.
Русија инаку е трета по потрошувачка на пиво после Кина и САД.