popara22 јули, 20111min00
800px-Oosterscheldekering_lucht_2

Надморска висина: 4 метра под море – запишано е на влезот на зградата на Аеродромот Шифол во Амстердам. Поголемиот дел од Холандија се простира на средна надморска височина. Веќе 1200 година Холанѓаните подигаат насипите со должина од 1.800 километри, за да се заштитат од надојдените морски води. Веќе 75 години активно работат на проектот за делумно исушување на Зуидларен езерото.

Особено е загрозена југозападната обала која е преполна со бројни острови и полуострови. Последната катастрофална плима која се случи на 01 февруари 1953 година, поплави повеќе од 10 илјади хектари плодно земјиште и тогаш беше одлучено да се направи нацртн план за намалување на обалата за околу 700 километри. Овој план предвидуваше изградба на неколку помали насипи како и затварање на четири широки и длабоки морски ракави. Меѓутоа, двата поморски канали кои водат до Ротердам и Антверпен мораа да останат отворени.

Прокетот требаше да се заврши во рок од дваесет години. Изградбата на овој огромен план беше започнат најитно. Вкупните трошоци, изнесува околу три милијарди гулдени. Истовремено, на повеќе места беа поставени неколку градилишта. Врз основа на планот “спојување на три острови“, во периодот 1960 – 1961 година, со огромни насипи беа споени Валхерен, Сверен и Јужен Бевеланд. Во 1964 година, се заврши изградбата на насипот Гревелинг кој е сместен помеѓу Оверфлаке и Дујвеланд.

Исто така, и насипот Харингвлит ги исполни очекувањата. Изградени се седумнаесет двојни брани, а секоја од нив тежи 425 тона. Инаку, сосема случајно се изградија овие два огромни моста, еден преку Харингвлит, а другиот што е пет километри долг, преку Остершелд.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag