Полицијата погрешно ја протолкувала пораката на еден британец на Facebook и го уапсила како во филмска акција.
Неименуваниот маж додека пазарувал во локалната рибарница, побарал помош од вработената, и се распрашал кој е најдобриот начин да се подгорви јастог, со цел да ја изненади својата сопруга.
Поради тоа што тој и кажал дека планира да го испече, вработената го посоветувала дека најдобро е јастогот да го убие со нож, а не да го вари жив, како што обично се прави.
Британецот не сакал да и го открие изненадувањето на својата сопруга, но на својот Facebook објавил мистериозна порака: “ Одам до градот, а потоа малку ќе си поиграм со ножот. Некој ќе страда!”
Некој од неговите пријатели на профилот се вознемирил и ја пријавил во полиција сомнителната порака.
Британецот врз основа на описот е уапсен пред рибарницата како во акционен филм, поради тоа што го бутнале на земја вооружените полицајци облечени со блиндирани елеци.
По половина час испрашување, обвинетиот сфатил за што се работи, па ги повикал вработените во рибарницата да застанат во негова одбрана.
“И реков на полицијата дека го советував да користи нож, но сето тоа се однесуваше на јастогот”, изјавила Сју Вајк, вработената во рибранцата.