Хитман Карлос Роберто де Хесус, платен убиец од Бразил, ја лажирал смртта на девојката која требал да ја убие, бидејќи тој се вљубил во неа, пишува “Дејли Мејл”.
Хитман од Мари Симонес добил 530 долари за да ја убие Иранилдес Агуиар Арауџо бидејќи се сомневала дека нејзиниот сопруг имал афера со неа. Непланирано, Хитман се вљубил во Иранилдес, и смислил план како да ја измами Мари Симонес.
Планот на Хитман бил следен: Тој ја натерал наводната жртва Иранилдес, сама да си ја искине кошулата, а за сето тоа да изгледа убедливо и залепил лента на устата, покрај пазувите и поставил мачета за да изгледа дека е прободена со неа, и по целото тело ја попрскал со кечап. Откако ја спремил наводната жртва, го фотографирал телето на Иранилдес, и сликите ги испратил до Мари Симонес.
Измама била откриена три дена подоцна, кога Мари Симонес го видела платениот “убиец” како се бакнува со девојка која, наводно, би требало да биде убиена. Мари веданш отишла во полиција и го пријавила Хитман дека и украл 1.000 долари.
По апсењето, Хитман, на детективите им ја раскажал целата приказна, и тие веднаш биле уапсени, а подоцна и ослободени со кауција. Од полицијата изјавиле дека сите ќе добијат соодветни обвиненија.