Поранешна плејбој зајачица и некогашна ѕвезда на холивудските акциони филмови Сибил Денинг, сака да го купи англискиот фудбалски клуб Шефилд Венсдеј кој игра во третата лига.
„Сакам да купам фудбалски клуб со голем потенцијал, а токму таков е овој. Имаат вистинска војска на навивачи. Моментално поминуваат низ тежок период, но верувам дека заедно ќе се вратиме во елтиното друштво“, изјавила поранешната зајачица, која во 1980 година се соблече за Плејбој.
Таа од 2002 до 2003 година во своја сопственост имаше германски хокеарски клуб, а во 2007 година се врати на големите екрани со неколку споредни улоги.