Станува збор за поранешна Плејбој зајачица Марија Козхевникова, која е нов член на рускиот парламент. Марија моментално е актерка, но пред две години таа се соблекла гола за Плејбој, откако раскинала со нејзиното поранешно момче.
Во политика е веќе неколку години, а во политиката влегла како член на младинската гарда на “Обединета Русија” каде претседател е Путин.
“Јас сум само обичен граѓанин на Руската Федерација. Исти се проблемите со кои се соочувам секој ден, само сега имам можност да зборувам за проблемите и да ги решавам истите “, изјавила Марија.