Догон е африканско племе кое живее во Западна Африка. Племето брои околу 300.000 жители и се протега по должината на 200 километри областа наречена карпите на Бандиагара. Племето живее во специфични живеалишта кои тие ги направиле за себе.
Во почетокот на 20-от век француските антрополози Марсел и Жермен Диетерлен поминале доста долг период, живеејќи со племето Догон со цел да го научат нивниот начин на живот. Во 1930 година, по 15 години живеење со нив, четворица свештеници од племето ги поканиле двајцата француски антрополози да влезат во племето и со нив да ги поделат тајните на нивната традиција.
Тајната за настанувањето на племето Догон е откриена и тие сметаат дека племето е создадено од светата ѕвезда која тие ја нарекле По-Толо. Sвездата која тие ја сметаат за По-Толо е всушност ѕвездата која орбитира околу Сириус која се наоѓа на 8,6 светлосни години од Земјата. Оваа ѕвезда е најсјајната ѕвезда на небото. Свештениците сметале дека Сириус е домот на Господ, оној кој ги создал. Сириус е најмалата и најтешката ѕвезда која е во бела боја. Тие сметале дека оваа ѕвезда има придружна ѕвезда која е невидлива за човековото око, и се движи околу Сириус во елиптична орбита во циклус од 50 години. При движењата, заради тежината на Сириус се испуштаат црвеникави зраци кои остануваат околу ѕвездата. Според Догон, тие пред илјадници години знаеле дека на Јупитер има сателити а Сатурн има прстен околу себе. Првично двајцата мажи, антрополози не ја воочиле астрономската важност на информациите, но по објавувањето на нивната сторија неколку астрономи сметале дека знаењата на племето заслужуваат детална истрага. Она што Догон го откри всушност се трите основни својства на ѕвездата Малото бело џуџе. Исто така тие биле апсолутно точни во нивното знаење за ротацијата на придружната ѕвезда на Сириус. Нивниот опис за црвеникавите зраци исто така се точни, бидејќи еден вселенски телескоп има направено фотографија која ја открива елипсовидната орбита и двете ѕвезди кои ротираат околу Сириус и испуштаат црвеникави зраци. Луѓето на Догон за овие знаења користеле екстремно необичен календар кој се заснова на 50 годишниот циклус. Овој циклус е необичен поради тоа што тие не го следеле движењето на Земјата, месечината или сонцето, наместо тоа тие целосно се базирале на движењата на Сириус и целата Догон култура се заснова на 50 годишниот циклус на Сириус Б.
Луѓето на Догон пред 1930 немале телескопи, и сеуште е нопзнато од каде тие ги имаат сите овие астрономски познавања и точни информации. Племето Догон тврди дека овие знаења ги имале пред илијадници години порано и ги добиваат од старна на нивните Богови кои живеат на планетата која орбитира околу сириус Б. Тие дошле во посета на нивните домови и го објасниле сетоа ова. Свештениците своите Богови ги опишале како амфибиски суштества.