ВИДЕО: Плимен бран повредил неколку туристи. Следниот пат даски за сурфање да си земат:)

popara1 септември, 20111min00
0

Повеќе од 20 туристи биле повредени во налетот на плимен бран на реката Киантанг во Хаининг,  провинција во Кина. Стотици туристи се насобрале во средата за да бидат сведоци на плимен бран, кој се појавува само еднаш годишно. Но плимниот бран бил најсилен во изминатите девет години и го преминал насипот на реката. Сите присутни почнале да бегаат во паника, бранот успеал да уништи и неколку автомобили.

Локалните власти објавиле дека туристите биле предупредени на можна поплава и им сугерирале да стојат понастрана од насипот на реката, но тие не ги послушале. Плимниот бран на реката Киантанг обично достигнува висина и до девет метри. Секоја година голем број на љубопитни туристи се собирале за да ја видат плимата како надоаѓа, јавува Дејли мејл.

Плимниот бран успеал да оштети повеќе од стотина метри заштитна ограда. Додека Шангај Дејли известува дека девет лица биле тешко повредени и пренесени во болница со скршеници и други сериозни повреди.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag