Сите кои сакаат поинаква, невообичаена венчавка на интернет страната WeddingsOnWater, можат да си резервираат црква која плови по вода. Оваа црква се наоѓа во Флорида, САД, а доаѓа во комплет со матичар облечен во капетанско одело. На веб страната црквата е опишана како совршен спој на традиционалното венчање во црква со природната убавина на заливот кој парот го одбира.
Оваа црква е идеална за интимна венчавка бидејќи во неа може да се соберат околу стотина гости. Има и мала палуба, а може да се изнајми за околу 45.000 до 115.000 денари. Освен за венчање, црквата може да се изнајмува и за крштевки, а се најавува дека уште една ваква црква ќе се гради и во Австралија.