Полицијата во Хонг Конг уапси еден жител на Нов Зеланд, кој случајно станал милионер, бидејќи Вестпак банката по грешка му уплатила на неговата сметка 10 милиони новозеландски долари. Лео Гао бил во бегство од 2009 година.
Сфаќајќи дека одеднаш е милионер, Лео од сметката извадил шест милиони долари и побегнал од земјата. По него земјата ја напуштиле неговата сопруга и неговата ќерка. Банката дури по два дена забележала дека направила грешка, но милионите веќе биле на други банковни сметки, а парот во бегство.
Лео Гао сега е обвинет за перење пари и кражба.