Откако Џон Бон Џови отвори хуманитарен ресторан, каде луѓето за оброкот ќе плаќаат онолку колку што имаат пари, по неговите стапки тргна и актерот Хју Џекман кој наместо ресторан отвори кафе бар под името “Laughing Man Coffee & Tea во Њујорк, од кој ќе собира пари за добротворни цели. Актерот во него ќе продава кафе, чај и слични пијалоци, и сите приходи ќе ги донира во хуманитарни потреби. Хју вели дека идејата за вакво нешто му дошла откако се спријателил со одгледувач на кафе додека бил во Етиопија.
“Запознав еден човек кој ми го измени целиот поглед на животот и светот. Додека Дукале и јас, заедно садевме кафе, видов колку работниот потенцијал на еден човек може да ја промени целата заедница. Додека работев со него, јас бев толку инспириран од сето она што тој и неговата заедница ме научија, што му ветив дека ќе дадам и јас свој дел за да помогнам на луѓето, а овој кафе бар е само дел ветувањето кое го дадов “, изјавил актерот.