Победи на Шпанија, Франција и Литванија

popara8 септември, 20111min00
logo_vytis

На европското првенство во Литванија вчера продолжија натпреварите во групи за пласман во четврфиналето. Победи забележаа фаворитот Шпанија, Франција и Литванија.

Европскиот првак, репрезентацијата на Шпанија, ја победи Германија на Дирк Новицки, со 77-68. Иако резултатот на 3 минути пред крај беше 68-65, сепак до крајот Шпанија имаше серија од 9-3 и забележа победа. Најефикасен во шпанската репрезентација беше Марк Гасол со 24 поени, додека НБА ѕвездата Пол Гасол забележа 19 поени и 7 скокови. Новицки пак, беше најефикасен во својата репрезентација со 19 поени.

Франција, тесно, со 68-64, успеа да го совлада светскиот вице-првак Турција. Убедливо најдобар играч на натпреварот беше НБА ѕвездата Тони Паркер. Тој постигна 20 поени, имаше 6 скока и 5 асистенции.

Репрезентацијата на домаќинот Литванија, ја совлада репрезентацијата на Србија, со 100-90. Победата на Литванија и ја донесоа нејзините резерви. Тие постигнаа 47 поени, во споредба со 19-те на резервите на Србија. Исто така Литванија имаше 55% (11 од 20) успешност од линијата за 3 поени. Најефикасен во репрезентацијата на Литванија беше Мантас Калниетис со 19 поени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag