Најновото истражување кое го спроведе Playboy докажа дека почесто мастурбираме отколку што имаме секс. Тие по втор пат спроведуваат големо истражување, по она во 1983 година кога беа анкетирани 80.000 луѓе. Освен овој факт, тие потврдиле уште неколку факти.
Се бара порнографија
Бројот на оние кои признале дека сакаат да гледаат порнографски содржини значително пораснал. Имено во 1983 година порнографија гледале 40% од анкетираните, а денес овој процент изнесува 78%.
Сите мастурбираат
И мажите и жените многу често практикуваат секс, дури може да се каже дека многу почесто отколку што имаат секс. Исто така срамот да се признае дека тие мастурбираат е поголем отколку во 1983 година.
Влакната на интимните места се out
Оваа подточка не била разгледувана во 1983 година од едноставна причина што во тоа време одгледувањето на влакната на интимните места било многу нормално. Но, денес ситуацијата е многу поразлична. Повеќето од половината испитаници изјавиле дека влакната на овие делови од телото се out.
Сексот на јавно место е ОК
Во 1983 година 35% од испитаниците се изјасниле дека практикуваат секс во јавност. Но, денес 76% од испитаниците признале дека практикуваат секс на јавно место и сакаат се почесто да се сликаат и снимаат за време на сексот. Сега се ова е многу нормално.
Online dating
Online dating-от е во голем пораст. Социјалните мрежи се почесто се користат за пронаоѓање, запознавање на нови партнери. Загрижувачки е фактот што оваа појава е забележана и кај оние кои се во сриозна врска. Дури 33% од мажите и 23% од жените го прават ова.
Невиноста е повторно хит
Од истражуваето дојдено е до заклучок дека невиноста е повторно актуелна кај младите. Имено, на возраст помеѓу 18 и 24 години, 40% од нив сеуште немале секс.
Половите болести не се доживуваат сериозно
Вознемирувачки е фактот што четвртина од мажите и 13% од жените не му признаваат на партнерот дека имаат некаква полова болест. Тие исто така не сакаат да користат ни заштита при секост, надевајќи се на најдоброто.
Забавно е да се има секс со поранешните
Ова истражување покажува дека луѓето сакаат да имаат секс со поранешните партнери. Тоа во проценти изнесува: 47% мажи и 37% жени. Очигледно дека сите сакаат да се враќаат онаму каде што им е познато.