Почина легендата Гоце Арнаудов

popara7 декември, 20111min00
001

Големата легенда на македонската народна музика почина вчера, на 52 годишна возраст.

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959. Тој уште на десет годишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формира групата „Крик“, со која се претставува низ цела поранешна Југославија. Гоце се враќа во Македонија во 1993 година и за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на публиката и на музичката критика. Каде и да учествува предизвикува еуфорија, а на сите фестивали ги освојува првите места.

Во 1994 година на Фолк фест  Валандово со песната „Дали чекаш стара мајко“ ги освои сите можни награди и таа песна веќе дваесет години е меѓу омилените во македонскиот фолклор. Гоце Арнаудов има снимено преку 200 песни и има учествувано на стотина фестивали, од кои на преку 60 има освоено прво место. Пет пати е прогласуван за најпопуларна личност на Македонија. Учествата на фестивалот Фолк-фест Валандово му донеле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум. Неколку пати стана сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно настапувал во Европа, Америка и Австралија, а редовно учествувал и на добротворни концерти. Во 2000-та година во својот роден град Струмица, Арнаудов направи концерт на стадионот и собра 10 илјади публика, а раководството на областа му додели награда за пејач на деценијата и за почесен граѓанин.

Почивај во мир легендо!

httpv://www.youtube.com/watch?v=fEr9RsDnW8Y

httpv://www.youtube.com/watch?v=mDhlo6RLuOM

httpv://www.youtube.com/watch?v=JclP5Kz9V3A

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag