Ќерката на филмска ѕвезда Кларк Гејбл и Лорета Јанг, Џуди Луис починала во Филаделфија.
Џуди Луис (76) починала минатиот петок во предградие на Филаделфија, изјавиле од погребното биро, додавајќи дека погребот бил во саботата.
Лорета Јанг била мајка на Џуди Луис но ја претставувала како посвоена ќерка и живееле во Лос Анџелес.
Кога пораснала Џуди дознала кои се нејзините вистински родители, а тоа е Лорета Јанг која имала тајна љубовна врска со Гејбл во 30-те години на минатиот век, за време на снимањето на филмот “”Call of the Wild”.
Џуди била актерка и продуцент, и се залагала за правата на децата, подоцна станала психотерапевт во Лос Анџелес.