Њујорк – жената која била нападната во лифт, прво била полиена со течност, а потоа жива запалена.
„Никогаш немам видено нешто толку болно, а работам доволно долго“, изјавил еден њујоршки полицаец по истрагата. За нападот на жената осомничено е нејзниото поранешно момче.
Делорес Гилеспи (65) од Њујорк жива изгорела во лифт откако на нападнал, наводно нејзниото бившо момче. Мажот чија фотографија ја објави полицијата, ја пречекал жената пред лифт. Кога се отвориле вратите од лифотот н а петтиот спрат од зградата тој ја испрскал со течност и потоа фрлил молотов коктел. Жената ја оставил да умре во агонија, а сето тоа го снимиле надзорните камери.
Соседот на убиената жена, изјавил дека чул вресок и го почувствувал мирисот на чад. Од оганот кој излегувал од лифтот почнале да пукаат стакла и се создало хаос во зградата. Петорица лица биле полесно повредени.
Сите лица кои ја познавале Делорес имале само убави зборови за неа, жената која во зградата во Бруклин живеела од 1980 година била мирна и добра.
„Секогаш на децата им даваше играчки и слатки“, изјавил еден од соседите.
Напаѓачот се уште не е пронајден.
httpv://www.youtube.com/watch?v=KeQkbeqJXYo