Подобро да спречите, отколку да лечите!

popara29 септември, 20111min00
42-23189416

Со редовно одржување на хигиената на намирниците и просториите во кои тие се подготвуваат, ќе избегнете труење од храна, кое често може да предизвикаат штетни последици на вашето здравје.

Придржувајте се до овие правила:

-Избегнувајте да купувате осетливи намирници во продавниците кои имаат лош фрижидер;

-Намирниците купувајте ги во продавници кои имаат висок степен на чистота и во кои продавачите кои работат со храна немаат допир со парите;

-По паразување, што поскоро ставате ги во фрижидер, бидејќи поради промената на температура може да се расипат и од подолг транспорт до куќата;

-Придржувајте се до рокот на употреба и упатството за чување на храната;

-Свежото месо или риба не го чувајте на дното на фрижидерот и не дозволувајте да дојдат до контакт со другата храна;

-Темелно измијте го ножот и даската која ја користите за подготовка на суровини и храна;

-Особено во летниот период, избегнувајте храна направена необработени јајца;

-Одмрзната храна веднаш сварете ја и не ја замрзнувајте повторно;

-Храната послужете ја веднаш откако ќе ја зготвите;

-Ако нешто од оброкот ви остане, остатоците од храна што побрзо нека се оладат и чувајте ги во фрижидер, а доколку стои на собна температура, подготвеното јадење е најдобро да го фрлите по најмногу 2-3 часа;

-Кога ја подгревате храната, минималната температура која е потребно да се постигне е 70 степени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma