Погачи со пилешко, павлака и печурки

popara28 октомври, 20111min00
recept

Потребни состојки

  • 250 гр. свежи шампињони
  • 300 гр. пилешко бело месо
  • 1 лажичка сенф
  • 2 пакувања лиснато тесто
  • 2 јајца
  • 1 морков
  • 50 гр. варена пченка
  • 1 главица кромидж
  • 100 мл. бело вино
  • Копар
  • Масло за јадење
  • Сол и црн пипер

Припрема:

Пилешкото месо исецкајте го на коцки и зачинете го со сол и бибер и сенф. Во тава загреана на средна температура ставете го маслото да се загрее. Исецкајте го ситно кромидот и пржете го, па кога ќе омекне додадете ги шампињоните и сецканиот морков и зачинете.

Во тавата додадете ги коцките пилешко месо, а кога месото побели, ставете го виното и оставете да испари. Гответе околу 1 час, а по потреба додавајте малку вода. Откако месото ќе се испржи, тргнете ја тавата од оган. Додадете ја варената пченка и промешајте.

Првата кора лиснато тесто расукајте ја и од неа одвоете 4 кругови. На некој од круговите распоредете го филот од пилешко месо. На краевите намачкајте со изматено јајце. Второто лиснато тесто расукајте го и од него исто така одвојте 4 идентични кругови. Секој наполнет круг со пилешко преклопете го со друг, празен круг. Двете теста убаво притиснете ги од страните за да не истече филот при печење. Од преостанатиот дел од тестото, направете форми и облици по ваша желба, кои ќе ги додадете врз погачите. На крај, секое парче премачкајте го со жолчка.

Погачите наредете ги во тава за печење, која претходно сте ја намачкале со маргарин. Печете во рерна загреана на 220 целзиусови степени, околу 30 минути. Кога ќе бидат готови, направете мал отвор на секое тесто и во него полијте малку разматена кисела павлака. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma