Техники на заведување за успешен „лов“

28 октомври, 20110
zaveduva

Иако мажите се оние кои по правило го прават првиот чекор, флертот најчесто го започнуваат жените. За да ви се приближи маж мора успешно да го заведете, а заведувањето е вештина која може да се научи. Ако сакате посакуваниот маж конечно да биде со вас, станете заводничка на која нема да може да и одолее. Еве ви неколку корисни техники:

За успешно заведување најважно е да се опуштите. Некои жени тешко се опуштаат, но постојат разни технии кои лесно се учат. Колку подобро и поопуштено се чувствувате во сопствената кожа, толку подобри сте во комуникација со другите луѓе. Вашата опуштеност значи и дека е удобно да се биде во ваше друштво, а тоа е важен дел од успешното заведување.

Бидете разиграни бидејќи заведувањето е игра. Смешкајте се и спонтано допирајте го, шегувајте се. Едноставно настојувајте добро да се забавувате без оптеретување од резултатот. Уживајте во играта бидејќи на тој начин ќе ужива и мажот, а тој го сака тоа чувство.

Во никаков случај не треба да делувате како личност на која очајничи и треба машко внимание. Таквото чувство дава сигнали на зависност, а никој не сака жена која само чека маж да и ги реши сите нејзини животни проблеми. Бидете независна и силна жена која истовремено може да биде нежна и топла.

Дури и ако навистина сте многу силна жена која се може сама и многу работи знае, сепак дозволете му да биде алфа мажјак. Покажете интересирање за нешто за што го сака и замолете го да ве научи нешто за тоа. Мажите сакаат да ги учат жените на нови работи, па овозможете му го тоа задоволство.

Секако на убав начина дајте му до знаење дека ве интересира и дека ви се допаѓа, но паралелно на суптилен начин дајте му до знаење дека нема лесно да ве добие. Особено не во кревет. Бидете вистински плен, кој може да се улови, но не лесно и така ќе го разбудите неговиот исконски порив за лов.

Мажите многу сакаат да бидат ценети и почитувани и да им се воодушевуваат жените. Тоа не значи дека морате да го кренете на пиедестал, но секако поделете му по некој комплимент. Слободно ласкајте му, но притоа бидете искрени. Лагата секогаш се чувствува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi