Домашен фитнес за одлична линија

28 октомври, 20110
grocery-bag-woman

За да бидете во топ форма не значи дека мора секојдневно да вежбате. Секоја активност која ќе ја направите во текот на денот и ги разработува мускулите и согорува калории.

Доколку сте една од оние личности кои имаат секојдневни обврски и не можат да најдат време за пешачење, џогирање, возење велосипед или одење во теретана, не очајувајте. Треба да знаете дека секоја активност бара напор и согорува калории, било да станува збор за чистење или пак шопинг во супермаркет.

Купувањето на намирници во супермаркет вклучува одење помеѓу патеки, бирање на производи што често значи клекнување или пак стоење на прсти за да го дофатите ониј производ кој ви треба. Сите овие движења ги активираат мускулите на нозете и задникот.

Голем број на калории се согоруваат и додека одите дома натоварени со торби полни со намирници, а некогаш се трошат повеќе калории со работата „низ дома“ отколку со вежбање во фитнес сала. На пример, доколку 15 минути растоварате и носите намирници од автомобилот до дома ќе потрошите 110 калории, исто колку и доколку трчате 20 минути.

Готвење е исто така одлична вежба. Рачното матење, месење и сецкање ги активира бицепсите, трицепсите и мускулите на горниот дел од грбот.  Во само 10 минути готвење можете да потрошите 80 калории, исто толку колку што ќе потрошите во осум минути пливање.

Затоа, доколку сакате да потрошите некоја калорија, а ве мрзи да одите до фитнес центар, згответе нешто или пак исчистете го домот, така бенефит ќе имаат сите!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş