На снимката од безбедносната камера која била објавена во четвртокот, може да се види како убиецот Андерс Бревик облечен во полициска униформа шета по улиците на Осло. На главата имал заштитна кацига, а во раката држел пиштол. На снимката се гледа како тој се врти за да види што се случува позади него на улицата. Пред неколку минути Бревик поставил бомба која ќе убие осум и повреди десетици минувачи.
Откако ја поставил бомбата во Осло, Бревик заминал на островот Утоја каде убил 69 лица, воглавно млади лица и деца.
Моментално Бревик се наоѓа во затвор и го чека своето судење. Може да добие казна затвор во траење од 21 година.