По неколкуте добри спотови, синглови и потпишувањето на милионски договори, латино дивата решила да се почасти со луксузна куќа во Хемптон, за точно 18 милиони долари.
Пејачката луксузната вила ја купила празна, па сега цел Холивуд се прашува кој дизајнер ќе ја има честа да го уреди овој дом.
Вилата има неколку спални соби меѓу кои две детски и една гостинска, девет бањи, сауна, сала за вежбање, базен во дворот и сонот на секоја жена, огромен плакар за чевли.