Во Лос Анџелес беа објавени номинациите за 69-от Златен глобус, кој ќе се одржи на 15 јануари следната година.
Најмногу причини за прославување има George Clooney кој е номиниран за најдобар актер и режисер. Ryan Gosling е номиниран за најдобар актер во жанрот драма и комедија. Исто така, може да слави и Brad Pitt кој е номиниран за најдобар актер за неговата улога во драмата “Moneyball“.
Голема шанса за победа во оваа категорија има Michael Fassbinder за неговата улога во драмата за сексуалниот зависник “Shame“. Во ова категорија е номиниран и Leonardo DiCaprio за неговата улога во филмот “J. Edgar“.
httpv://www.youtube.com/watch?v=CWHNXJ1K4yA
Во категоријата за најдобра актерка на прво место се најде Meryl Streep која на брилијантен начин ја одглуми Margareth Thatcher, а младата Michelle Williams е номинирана за улогата на Marilyn Monroe. На листата се најде и Tilda Swinton за одличната глума во филмот “We need to talk about Kevin“, а Glenn Close за улогата Alberta Nobbsa.
httpv://www.youtube.com/watch?v=McCt-_yYLpo
Во категоријата на режисери оваа година се натпреваруваат Woody Allen, Martin Scorsese и Alexander Payne.
Филмот на Angelina “Во земјата на крв и мед“ е номиниран за најдобар странски филм.