Италијанското кафе Lavazza, го претстави својот календар за 2012 година, а е нивниот 20-ти по ред. До сега календарите беа правени само од еден фотограф, оваа година во него се најдоа 12 фотографи кои веќе ја имале таа чест, а задачата овој пат им беше да направат свој автентичен автопортрет.
Насловната сепак ја зазема една преубава девојка со име Валери ван дер Граф, млада манекенка која има 20 години, токму колку и изданието на овие календари.