Кога станува збор за начинот на живот на холивудските ѕвезди, многумина би дале се само за момент да погледнат во нивните домови. Иако Џони Деп е еден од оние кои преферираат да го задржат својот приватен живот подалеку од јавноста, тој им доволил на камерите да влезат во неговиот дом.
Актерот Џони Деп ја отворил вратата од својот луксузен дом за потребите на магазинот “In Touch”, за прв пат дозволил јавноста да ѕирне во овој дел од неговиот приватен живот, кој го дели со долгогодишната партнерка, актерката и пејачка Ванеса Парадис и нивните деца Лили Роуз (11) и Џек (8).
Познатиот пар го изнајмил овој луксузен остров со луксузна вила и тука живеат кога одмаат на Хаваи. Всушност, ноќевање во резиденцијата чини 5.000 долари. Куќата има седум соби, базен, соба за играње, театар и теретана, а семејството тука живее од јуни оваа година.
Актерот за магазинот откива дека сака да патува и заедно со своето семејство истражуваат нови дестинации.
Тој вели дека за него нема ништо поскапоцено од времето со своето семејство: “Тоа за мене има смирувачки ефект. Уживам со децата во прошетките, одиме на пикник…без ѕвонење на телефонот. Ова е навистина убав живот”.