Мажот на Мараја Кери се пожали дека полицијата постојано го запира и наводно ова се случувало затоа што тие гледале црн човек во скап автомобил. Ник Канон ја дели неговата огорченост со фановите на Twitter, откако ноќната патрола го проверувала повторно во Лос Анџелес, кога се враќал од забава.
“Уште еднаш ме запреа. Полицаецот сепак ме пушти и тој беше црнец. Јас го ценам тоа, брате! Продолжуваат да ме запираат, бидејќи јас сум црн човек во скап автомобил”, пишува Ник. Тој додал дека имал слични проблеми со полицијата и порано, односно кога бил тинејџер во една прилика еден полицаец нанишанил кон него со пиштолот додека се возел на велосипед.
“Додека растев, никогаш не ми се допаѓаа полицајците, јас отсекогаш сум имал чувство дека тие се тепачи и угнетувачи. Но, претпоставувам дека не треба да се генерализира. Кога имав 13 години, еден полицаец ме сопре додека бев на велосипед и нанишани со пиштолот во мене. Што е веќе, по ѓаволите? “прашува Ник.